Бизнис лига: Ничевски стрелаше во последната минута за победата на ЕЛЕМ во дуелот со ВДЛ Ван Хоол

by riste
7 минути читање

Седмото коло го отвори ЈСП со победа над Леар

ЈСП 8-4(3-0) Леар

ЈСП: Љупчо Павловиќ 27’ Филип Колеќески 11’ 23’ Тихо Фидановски 33’ 38’ 40’ Мартин Ливрински 4’ 5’

Леар: Робертино златевски 40’ Марјан Ѓорѓиевски 38’ Благојче Симјановски 24’ Борче Јовановски 37’

Седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЈСП и Леар, екипата на ЈСП имаше одличен старт и со два погодоци во низа на Ливрински во 4та и 5та минута дојде до предност во раната фаза од полувремето. По ова рано водство на ЈСП екипата на Леар започна со поофанзивна игра се префрли на противничката половина што ЈСП вешто го искористи за да преку брз контра напад зголеми на 3-0. До крајот на полувремето екипата на Леар имаше неколку шанси но ЈСП одлично ја постави одбраната и не дозволуваше лесен погодок на противникот па од тука и резултатот од 3-0 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Леар го започна натпреварот со голман играч со цел да створи вишок во нападот, но екипата на ЈСП продолжи со одлична игра и со зголемување на водството. Екипата на Леар во завршницата на натпреварот имаше неколку одлични погодоци но предноста која екипата на ЈСП ја имаше стекнато беше тешко достижна. На Крајот од натпреварот екипата на ЈСП славеше со пет гола предност 8-4.

Ничевски стрелаше во последната минута за победата на ЕЛЕМ во дуелот со ВДЛ Ван Хоол

ЕЛЕМ 4-3(2-1) ВДЛ Ван Хоол

ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 40’ Синиша Ковачевиќ 8’ Душан Спасеновски 2’ 22’

ВДЛ Ван Хоол: Валентино Трајковски 17’ Александар Наумовски 23’ Давид Илиевски 32’

Одличен почеток за екипата на ЕЛЕМ во дуелот со ВДЛ Ван Хоол тие од самиот старт на натпреварот започнаа игра со голман играч со што поставија доста офанзивна игра која вроди со плод и дојдоа до рано водство од 1-0 со погодокот на Спасеновски. Екипата на ВДЛ Ван Хоол го подигаше темпото на игра и често се закануваше кон голот на ЕЛЕМ, но тие одлично го затворија пристапот кон својот гол. Екипата на ЕЛЕМ успеа во 8та минута да го зголеми водството на 2-0, што дополнително ги мотивира да притиснат кон голот на противникот, но Ван Хоол ја искористи отворената игра на ЕЛЕМ и со брз напад и удар од далечина на Трајковски успеа да ја намали резултатската негатива на 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ преку Наумовски успеа да дојде до брз погодок и да ја зголеми предноста на 3-1. Екипата на ВДЛ Ван Хоол го подигна темпото на игра и преку Трајковски како двигател на играта и погодоците на Наумовски и Илиевски успеа да ја стопи предноста на ЕЛЕМ, а во 32та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот на 3-3 што ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата завршница Ничевски стави точка во последните секунди од натпреварот и на екипата на ЕЛЕМ и ги донесе бодовите и победа со резултат од 4-3

Во дожд од голови Стопанска Банка до победа над Гранит

Стопанска Банка 10-9(6-5) Гранит

Стопанска Банка: Марко Ташков 17’ 30’ Дарко Симјановски 4’ 14’ 35’ 39’ Кристијан Богдановски 3’ 7’ 20’ 24’

Гранит: Николче Глигуровски 34’ Дарко Петров 15’ 17’ Мартин Фотевски 11’ 33’ Димитар Илиевски 36’ Виктор Нацев 18’ 38’ Емил Никочевиќ 8’

Одличен почеток за екипата на Стопанска Банка во дуелот со Гранит, екипата на Стопнска Банка на самиот старт на натпреварот наметна динамично темпо на игра и со офанзивна поставеност често се закануваше кон голот на противникот. Ваквата игра им донесе рано водство со погодокот на Богдановски во 3та минута на кој 4та минута му се придуржи и Симјановски за водство од 2-0. Екипата на Стопанска Банка успеа да продолжи во одлично темпо и успеа да зголеми на 3-0, ова ја примора екипата на Гранит на тактичка измена и во игра да внесе голман играч, оваа тактика вроди со плод па Гранит успеа да реализира и да дојде на само еден гол негатива по погодоците на Никочевиќ и Фотевски. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични погодоци но екипата на Стопанска Банка успеа да одржи еден гол предност и на паузата да замине со резултат од 6-5. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра двете екипи оставија срце на терен се нижеа погодоци на двете страни. Екипата на Гранит цело време се закануваше кон голот на Стопанска Банка и успеа да дојде до израмнување на резултатот во самата завршница. Екипата на Стопанска Банка успеа да во последната минута од натпреварот да дојде до повторно водство од 10-9 кое го сочува до крајот на натпреварот.

Во дерби натпревар Џонсон Мети и Glass Lux ги поделија бодовите

Џонсон Мети 2-2(0-0) Glass LUX

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 33’ Никола Николовски 31’

Glass LUX: Александар Спасовски 29’ Давид Блажевски 30’

Натрпреварот помеџу екипите на Џонсон Мети и Glass Lux екипата на Џонсон Мети го отвори со голман играч. Џонсон Мети вака се одлучи да го започне овој натпревар за да има играч плус во делон на нападот како би можел да оствари предност во делот на нападот, во ваквата поставеност и на двете страни се играше отворен фудбал. Двете екипи со брзи проигрувања се обидуваа да дојдат до отворена шанса за гол, но голманите беа на висина на задачата и на двете страни, тие беа одлично поставени и не дозволија да бидат изненадени па од тука и резултатот од 0-0 на полувремето. Екипата на Glass Lux второто полувреме го започна со играч помалку, по исклучувањето во самиот финиш на првото полувреме. Џонсон Мети не успеа да ја искористи предноста од играчот плус па Glass Lux со комплетна постава се врати во натпреварот. Во втората половина од второто полувреме екипата на Glass Lux преку Спасовски успеа да дојде до водство од 0-1 со што ја разниша одбраната на Џонсон Мети по што следеше одлично обработена акција во која Блажевски успеа да зголеми на 0-2. Екипата на Џонсон Мети по овие два примени гола целосно успеа да ги консолидира своите редови па преку дуото Николовски-Стојановски успеа да го израмни резултатот. Во остатокот на натпреварот се играше цврста одбрана на двете страни со што успешно беа затворени приодите кон голот на двете екипи. Во ваквата поставеност ниту една од екипите не успеа да постигне гол за победа па ги поделија бодовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани