Бизарна реакција на Онана: Јунајтед бркаше резултат, а тој за да „ќари“ неколку метри загуби драгоцено време!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед загуби на „Олд Трафорд“ од екипата на Нотингем Форест (2-3) во рамките на 15. коло на Премиер лигата.

Бизарна ситуација се случи во судиското продолжение, кога „црвените ѓаволи“ губеа и бркаа резултат. Добија прекршок на почетокот на нивната половина, а очекувано да изведе дотрча голманот Андре Онана.

Сепак, тој сакаше да „ќари“ неколку метри и ја потфрли топката. Тоа не му се допадна на судијата кој го врати назад. Онана пак ја потфрли топката и тоа се повтори неколку пати, губејќи драгоцено време.

Тоа апсолутно ги налути навивачите на овој клуб. Тие на социјалните мрежи сериозно го критикуваа Онана, кој освен со перформансот ги налути и со овој потег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×