Aсамоа Гјан пред 14 години од Рен стигна во Сандерленд во трансфер вреден 15 милиони евра и во првата сезона во Англија постигна 10 голови, но набрзо неговата кариера тргна во надолна линија, но и покрај тоа оствари огромна заработка.
Од 2011 до 2015 година настапуваше за Ал Аин каде што заработуваше 200.000 евра неделно и тоа беше трипати повеќе од платата во Сандерленд. Во Ал Аин во таква конкуренција и успеа да игра во добра форма постигнувајќи 128 голови на 123 натпревари.
Тогаш направи трансфер во Шангај ШИПГ кој тогаш беше предводен од Свен-Горан Ериксон. За тоа време беше и најплатен фудбалер во светот со 275.000 евра неделно, исто толку добиваше Герет Бејл во Реал Мадрид.
Во Шангај не се прослави премногу и постигна осум голови на 26 натпревари. Кога ќе се направи пресметка се доаѓа до заклучок дека во Кина по гол заработувал 3.6 милиони евра.
Но, по завршувањето на кариерата со животот кој навикна да го живее и го потроши стекнатото богатство, па медиумите пишуваа дека неодамна на сметката имал само 724 евра. Проблем му направи пресудата според која на поранешната сопруга и трите деца по разводот морал да им даде: Куќа во Обединетите кралство, куќа во Акри, бензинска пумпа и два автомобили. Исто така Гјан плаќал и 2.100 долари за издржување на децата.
Меѓутоа Гјан успеал одново да се извлече се пробал во политиката и новата заработка започнал да ја вложува во боксерска промоција и превозни средства, а се вратил и на работата со бензински пумпи. Неодамна најави и дека ќе се посвети на хуманитарната работа.