Беше голема надеж на Барселона, а сега е успешен во бизнисот со нафта

by Стефан
1 минути читање

Meксиканецот Џовани Дос Сантос некогаш важеше за голема надеж на Барселона и во овој клуб пристигна кога имаше само 12 години, а за сениорската екипа дебитираше на 17 со гол против Архус.

Набрзо по појавувањето на големата сцена започнаа и споредбите со Роналдињо, но иако оствари солидна кариера највисоките очекувања не ги исполни.

Кариерата го одведе во: Тотнем, Ипсвич, Расинг Сантандер, Мајорка, Виљареал и Лос Анџелес Галакси.
Дос Сантос има мексиканско, бразилско и шпанско дражвјанство, а настапуваше за Мексико за кој одигра 106 натпревари. Успеа да освои и злато на Олимписките игри во 2012 година.

Пред три години објави крај на кариерата и денес е успешен во светот на бизнисот. Медиумите објавија дека Дос Сантос станал партнер во компанијата „Procur Mexico“ која е поврзана со петрохемиската фирма „Petroleos Mexicanos“.

Новинарот на „Фокс Спорт“, Абрахам Бенсид тврди дека новата зделка на Дос Сантос ќе му носи зарабока помеѓу 400.000 и 500.000 долари годишно. Покрај овој бизнис, Мексиканецот се занимава и со продажба на луксузни автомобили.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани