Бергвајн му одговори на Куман: Не ни сакам повеќе да играм додека си селектор!

by 24 фудбал
1 минути читање

Холандскиот селектор Роналд Куман во пресрет на стартот на Лигата на нациите прецрта две имиња кои беа стандардно повикувани на претходните собири. Тоа се Стивен Бергвајн и Џорџинио Вајналдум, дуото кое настапува во Саудиска Арабија.

Куман пред неколку денови зборуваше за Бергвајн и јавно го искритикува неговиот трансфер велејќи: „Веднаш да појаснам зошто го нема Бергвајн. Толку млад, а веќе гледаш да заработиш што повеќе пари. Тука повеќе нема спортски амбиции, ниту фудбалска кариера кога ќе си дозволиш таков трансфер на 26 години“.

Бергвајн од Ајакс се пресели во Ал-Итихад каде што ќе заработи далеку повеќе пари. Сепак, тоа не му се допадна на селекторот кој удри по него, а сега крилниот фудбалер имаше и одговор.

Не ни сакам да играм додека тој е селектор повеќе. Нема да играм под некој кој ме прикажа така во медиумите. Ако беше посветен селектор, прво ќе ми се јавеше на мене, а јас тоа морав да го чујам преку телевизија. Со него доживеав многу убави моменти, а со овој потег ме разочара. Значи играч ја напушти холандската лига за да се развива, а јас морам да останам? Селекторот добро знае дека натпреварувањето во Саудиска Арабија е на одлично ниво. Вајналдум остана во тимот на Холандија по трансферот во Ал-Етифак. Ако ми се јавеше или да покажеше било каков интерес, можеше да ја чуе мојата страна од приказната. Како можеш да зборуваш така без да разговараш со мене“, одговори Бергвајн.

Холанѓаните во септемврискиот циклус ќе ја дочекаат Босна и Херцеговина, а потоа гостуваат кај Германија во дербито на групата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани