Белингем: Крос ни недостасува, тој е незаменлив, мора да најдеме друг начин за да ја пополниме таа празнина

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид добро се испоти за да го победи Штутгарт во првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите.

Натпреварот беше израмнет, Реал Мадрид победи благодарение на гол на Ридигер во 84. минута, а погодокот на Ендрик беше по контра кога речиси сите играчи на Штутгарт беа во половината на противникот барајќи погодок.

Отсуството на Тони Крос е видливо во тимот на Реал Мадрид, тоа го призна и Белингем.

„Загубата на Тони Крос е огромна, во поглед на нашиот ритам и начинот на кој играме, тој е толку посебен, незаменлив. треба да најдеме други начини да ја пополниме таа празнина“, вели Белингем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани