129
Белгискиот великан Андерлехт реши да му врачи отказ на тренерот Брајан Ример по серијата лоши резултати.
Поразот од Генк (2-0) беше пресуден, навивачите кренаа вистинска узбуна и направија притисок. Поради тоа, управата на Андерлехт реши да ги прифати сугестиите и го отпушти стратегот. Ример го водеше Андерлехт од декември 2022 година, а сега клубот ќе побара нов кормилар.
Со Брајан Ример на тренерското столче Андерлехт играше четвртфинале во Конференциската лига, а минатата сезона долго време беше во трка за шампионскиот пехар во Белгија.
Иако резултатите генерално не беа лоши, навивачите беа незадоволни поради лошата игра и сериозно го критикуваа за тоа. Сега конечно клубот им ги исполни желбите и барањата.