219
Фудбалерките на Барселона го одбранија европскиот трон и го кренаа трофејот во Лигата на шампионите.
Во финалето кое се одигра на „Сан Мамеш“ во Билбао, каталонскиот тим славеше со 2-0 против француски Лион и пак се искачи на кровот не Европа.
Првото полувреме не понуди погодоци, но затоа Барселона се наметна во продолжението. Со головите на Аитана Бонмати и Алексиа Путељас тимот од Шпанија дојде до победата во ова финале против Французинките.
Ова беше трет трофеј во Лигата на шампионките за Барселона во последните четири години.