Екипата на Осасуна приреди големо изненадување во осмото коло од Серија А и со убедливи 4:2 славеше победа против Барселона кој до овој натпревар беше перфектна во шпанското првенство.
Одличен во првото полувреме беше Брајан Сарагоса кој одигра одлично полувреме. Сарагоса прво му асистираше на
Будимир во 18. минута за водство од 1:0, а десет минути подоцна и самиот се запиша во листата на стрелци.
Со предност од 2:0 Осасуна замина на паузата. Во вториот дел по осум минути игра Виктор Пау ја погоди мрежата на
Осасуна и намали на 2:1. Изгледаше тогаш дека Барселона може да се врати и да го сврти натпреварот, но тоа не се случи.
На 20-тина минути до крајот Осасуна доби пенал, а сигурен реализатор беше Будимир кој го постигна својот втор гол на натпреварот. Не застанаа тука домаќините Абел Бретонес во 88. минута постигна прекрасен гол за водство од 4:1.
Убав гол на спротивната страна постигна и Јамал за конечни 4:2. До вечерашниот натпревар Осасуна цели 12 години чекаше на победа над Барселона.