406
Според шпанските медиуми, Барселона го договорила првото засилување за следната сезона, тоа е играчот од средниот ред на Бетис, Гуидо Родригез.
30-годишниот фудбалер кој со Аргентина стана Светски шампион, не сака да го продолжи договорот со Бетис и на лето како слободен играч ќе се пресели во Барселона.
Наводно, Барселона веќе ги договорила личните услови со него, а трансферот ќе биде комплетиран кога ќе заврши сезоната.
Според „Трансфермакрт“, вредноста на Родригез е 24 милиони евра.
Тој во Бетис е од 2020 година, тие му се и единствениот европски клуб за кого играл.