Барди отвори со ремек-делo, Миовски стави точка – Македонија победи по 11 месеци! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација вечерва стигна до победа против Ерменија од 2:0 во рамките од второто коло во Лигата на Нации.

Во првото полувреме, Македонија беше подобар противник, но не успеавме да постигнеме гол за да го отвориме резултатот.

Пред крајот на првиот дел се соочивме и со проблем кога исклучен беше Ѓоко Зајков кој заработи жолт картон за една непотребна реакција

Но, и со играч помалку, Македонија во вториот дел беше подобра на теренот. Пропуштивме одлична преку Миовски кој беше изблокиран во 63 .минута.

Натпреварот сепак успеавме да го отвориме со една мајсторија од слободен удар на Енис Барди. До крајот Миовски постигна уште еден погодок за конечни 2:0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани