124
Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди не успеа со својот Трабзонспор да обезбеди место во групната фаза од Конференциската лига.
Вечерва турскиот тим беше елиминиран по изведувањето пенали против Сент Гален откако во регуларниот дел немаше победник (1-1).
Барди на теренот беше во првите 45 минути по што стратегот на Трабзон одлучи да го повлече на клупата.
До групите во третото по ранг натпреварување во Европа не стигна и Егзон Бејтулаи откако неговата Дрита загуби уште еднаш од Легија Варшава со 1:0. Тренер на Дрита е Зекирија Рамадани.