70
Баер Леверкузен ќе мора полека да почне да се подготвува за „живот после Чаби Алонсо“.
Шпанскиот стручњак кој минатата сезона донесе историска титула со неверојатни резултати по крајот на сезоната многу веројатно ќе го напушти клубот. Тоа беше веќе најавено, а интересот за потпис со Алонсо е навистина голем.
„Фармацевтите“ ќе мора да почнат да се подготвуваат за следната сезона и да размислуваат за нов тренер. Како прво име кое се споменува во Германија е Себастијан Хенес од Штутгарт, додека второ е помошникот на германскиот селектор Сандро Вангер.
Од друга страна Чаби Алонсо гледа кон „кремот“ на Европа. Се зборува за интерес на Реал Мадрид, Манчестер Сити, претходно во комбинација беше и Ливерпул.