202
Баерн Минхен ќе го ангажира дефанзивецот Хироки Ито од Штутгарт за сума од 30 милиони евра, колку што е неговата откупна клаузула.
Винсент Компани ќе добие ново засилување, „Билд“ објавува дека Баерн работи на ангажман на Хироки Ито и тој сигурно ќе се пресели на Алијанц арената.
Баерн ќе ја активира откупната клаузула која Ито ја има во договорот со Штутгарт и изнесува 30 милиони евра.
25-годишниот јапонски дефанзивец е во финална фаза од преговорите и за личните услови.