Екипата на Атлетик Билбао извлече бод против Осасуна (2-2), во рамките на 35. коло на шпанската Ла Лига. Гостинската екипа на „Сан Мамеш“ поведе со 0-2, меѓутоа на крајот мораше да се задоволи со бод бидејќи падна концентрацијата во завршните секунди.
По неколку голови кои не важеа, резултатот го отвори Раул Гарсија со погодок за 0-1 во 40. минута. Веднаш на стартот на продолжението меѓу стрелците се запиша и Руберн Гарсија, за удвојување на позитивата на Осасуна (0-2).
Следеше период кој му припадна на домаќинот. Инаки Вилијамс во 58. минута намали на 1-2, а на израмнувачки погодок се чекаше до шестата дополнителна минута. Бод за Атлетик донесе Асиер Вилалибре.
Со ова реми Билбао остана во игра за Лигата на шампионите, но за сè се прашува Атлетико Мадрид кој има пет бода предност.