110
Мадридскиот весник „АС“ пишува дека Арда Ѓулер е разочаран од улогата која ја има во новата сезона, очекувал значително поголема минутажа.
Ѓулер играше вкупно 98 минути на првите три натпревари во Ла Лига, а на четвртиот не ни влезе во игра.
Младата турска ѕвезда очекувал дека ќе игра многу повеќе по одличниот настап за својата репрезентација на Европското првенство, но работите не се такви.
„АС“ открива дека Ѓулер не учествувал во прославата на победата над Бетис, од клупата со наведната глава заминал во соблекувалната и брзо си отишол од стадионот.
Немал лоша намера, но неговиот потег открива како се чувствува поради малата минутажа која ја има во овој период.