167
Астон Вила го губи трпението во обидите да го купи Жоао Феликс, Унаи Емери сака да го ангажира Португалецот, но тоа да се случи пред да почне сезоната идниот викенд.
Во текот на наредната недела Астон Вила ќе прати нова понуда до Атлетико Мадрид за Феликс, тоа ќе биде и нивната последна понуда.
На Атлетико Мадрид му се потребни пари по ангажманот на Робин Ле Норманд, Александер Сорлот, Конор Галагер и Хулиан Алварез. Па шпанскиот клуб ќе биде под притисок да ја прифати понудата.
Се очекува понудата на Астон Вила да не биде поголема од 50 милиони евра, сумата која ја сака Атлетико Мадрид, па неизвесно е како ќе завршат преговорите.