Астон Вила се договори со Челси за Лукаку, но напаѓачот има други планови!

by riste
1 минути читање

Челси ја прифатил понудата на Астон Вила за Ромелу Лукаку, но белгискиот напаѓач сака само трансфер во Наполи.

Лукаку во новата сезона ќе има нов тим, тој не е во плановите на Мареска, Белгиецот сака повторно да работи со Конте, овојпат во Наполи.

Засега Наполитанците не ја нудат бараната сума на Челси од 35 милиони евра. Веројатно чекаат прво да го продадат Осимен.

Во меѓувреме Астон Вила доставила понуда за Лукаку која била прифатлива за Челси, но проблем за реализација на овој трансфер е фактот што напаѓачот сака преселба само во Наполи.

Засега неговата иднина останува неизвесна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани