Асан Рифадов ново име за средниот ред на Гостивар

by 24 фудбал
1 минути читање

Гостивар промовира уште едно ново засилување за веќе започнатата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Нов член на клубот од истоимениот град е Асан Рифадов. Младиот играч за врска има 20 години и ги мина подготовките со клубот, а откако се докажа доби едногодишен договор.

Инаку, се работи за момче кое претходната сезона беше дел од Слога Виница, клуб кој има ист сопственик како Гостивар. Рифадов со добрите партии за виничани си заработи трансфер во клубот кој игра во ПМФЛ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани