Арсенал сака да го купи Арда Ѓулер, но одговорот на Реал Мадрид е негативен, турскиот фудбалер ќе остане на Сантијаго Бернабеу.
По примерот на Мартин Одегард кој сега е капитен на тимот, Арсенал сакал да го купи и Арда Ѓулер од Реал Мадрид.
Но, засега Турчинот не е на продажба и во Реал Мадрид го сметаат за многу значаен дел од иднината на тимот.
„Арда сигурно ќе биде тука и идната сезона. Навистина ми се допаѓа како играч, сите знаеме дека е врвен квалитет и талент“, изјави Анчелоти.
Ѓулер даде четири гола во Ла Лига и покрај тоа што имаше многу мала минутажа.
Се очекува голема промоција пред европската фудбалска јавност да има на Европското првенство каде ќе биде еден од главните играчи на Турција и покрај тоа што има 18 години.