312
Аргентина со 4-1 ја совлада Гватемала како загревање за настапот на Копа Америка, Лаутаро Мартинез и Лионел Меси беа во главна улога.
Мечот почна ужасно за Лаутаро, уште во четвртата минута од натпреварот си даде автогол за водство на Гватемала од 1-0, но потоа работите се променија.
Во 12. минута Меси изедначи на 1-1, а во финишот од првиот дел Лаутаро од пенал погоди за комплетен пресврт и водство на Аргентина од 2-1.
Во 66. минута по асистенција од Меси, Лаутаро даде нов гол за предност и од 3-1, а десет минути подоцна самиот Меси ги постави конечните 4-1.