Аргентина на пенали го победи Еквадор, Меси промаши од белата точка! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Аргентинците се протнаа во полуфиналето од Копа Америка, потешко од очекувањата го совладаа Еквадор, голманот Емилијано Мартинез повторно беше херојот, а Лео Меси не реализираше пенал.

Аргентина добро го почна мечот, со гол на Лисандро Мартинез во 35. минута поведоа со 1-0.

По 15 минути игра во второто полувреме Еквадор доби пенал, но Енер Валенсија ја погоди стативата.

Сепак, пред самиот крај, во 92. минута Родригез постигна гол и го израмни резултатот на 1-1. Победникот го решаваа пенали.

Прв шутираше Меси, се обиде со паненка, но ја погоди пречката. Останатите Аргентинци дадоа голови, погодија Алварез, Мекалистер, Монтиел и Отаменди.

Херој беше голманот Мартинез кој ги одбрани првите два пенали на Еквадор, промашија Мена и Минда.

Аргентина во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Венецуела и Канада.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани