Карло Анчелоти ја презема одговорноста за лошиот старт на сезоната на Реал Мадрид, кралскиот клуб освои само бод на гостувањето кај Лас Палмас.
По три одиграни кола Реал Мадрид има само една победа, кралскиот клуб одигра реми со Мајорка и Лас Палмас, па полека се вклучува алармот.
„Не видов никакво подобрување од мечот со Мајорка. Не можеме да бараме изговори, мора да гледаме како брзо да напредуваме. Тимот не е добро балансиран, не ја движиме топката брзо, тешко ја враќаме. Треба да најдеме брзи решенија и мислам дека ќе ги најдеме“, вели Анчелоти.
„Јас ќе го најдам решението, ја преземам одговорноста. Проблемот е фудбалски. Кога не ја имаме топката, не сме компактни, оставаме простор меѓу линиите. Јас сум тој што треба да најде решение, не фудбалерите“.