Анчелоти: Последен пат кога загубивме 0-4 од Барса ја освоивме Ла Лига и ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Карло Анчелоти зборуваше по тешкиот пораз на Реал Мадрид од Барселона (0-4). Италијанецот нагласи дека поразот е висок, но тоа не е причина за откажување.

Мечот со Барселона го спореди со оној пораз од Лил во Лигата на шампионите. Исто така, се надоврза и на последниот пат кога Реал загуби со овој резултат од лутиот ривал.

Беше поинаков дуел од тој со Лил. Не игравме добро на таа средба, а сега со Барселона повеќе се боревме. Резултатот не го покажува тоа што се случуваше на теренот. Тие беа подобри и за нас ова е тежок и комплициран момент, ама нема да се откажеме. Последен пат кога загубивме од Барса со 0-4 ја освоивме Ла Лига и Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид во 2022 година загуби 0-4 од Барселона, а потоа во сезоната ги освои трофеите во Шпанија и Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани