Фудбалерите на Реал Мадрид максимално се насочени кон финалето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, а претходно треба да ја затворат сезоната во шпанската Ла Лига. Во рамките на 38. коло „кралевите“ ќе играат против екипата на Бетис дома, што ќе биде последен меч во сезоната пред своја публика.
На прес-конференцијата пред натпреварот зборуваше тренерот Карло Анчелоти, кој реши да го прокоментира „фајтерскиот“ дух на неговиот тим.
„Најдобрите особини кои Реал ги покажа овие години се став, фокус и тимска работа. Мислам дека тоа одигра одлучувачка улога во оваа сезона која е доста добра и покрај потешкотиите на почетокот. Можеме да кажеме дека предноста на овој тим се натпреварувачкиот дух, сериозноста и менталната сила. Јас верувам во креативноста на фудбалерите кога имаат топка, не сакам да ги терам да играат во однапред утврдена формација. Наместо тоа, ги препуштам да бидат креативни во својата иницијатива.“, изјави Анчелоти.
По натпреварот против Бетис в сабота, Реал Мадрид ќе има една седмица да се подготви за финалето со Борусија во Лондон.