156
Реал Мадрид и Барселона утре ќе ги одмерат силите во најголемото дерби во шпанскиот фудбал.
Новото „Ел Класико“ е закажано за од 21:00 часот и ќе се игра во рамките од 11. коло. Актуелниот шампион пред овој натпревар доби одлична вест.
Имено, Брахим Дијаз според последните најави ќе биде спремен утре да истрча на теренот. Ова е добра вест за
Анчелоти, откако претходно беше објавено дека поради повреди нема да може да смета на Родриго и првиот голман Куртоа.
„Ел Класико“ доаѓа во момент кога Барселона е лидер со 27 бода, додека Реал Мадрид следи со 24 по десет одиграни кола.