Антони: Оваа сезона ќе биде комплетно поинаква, ќе го слушате моето име поради голови и асистенции!

by riste
1 минути читање

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антони кој е комплетно разочарување, верува дека во новата сезона ќе покаже друго лице и ќе ги убеди навивачите дека е голем играч.

Антони е едно од најголемите разочарувања во историјата на Манчестер јунајтед ако се земе платената сума за него и она што тој го покажа на теренот.

Но, фудбалерот е полн со самодоверба, верува дека ќе го промени впечатокот.

„Оваа сезона ќе биде комплетно поинаква. Бидете уверени, ќе го слушате името Антони во однос на голови и асистенции“, рече Антони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани