Андов ги собира фудбалерките: Целта е да се подобриме пред новата Лига на нации!

by 24 фудбал
2 минути читање

Женската репрезентација на Македонија ги стартува подготовките за двата тест натпревари кои ќе ги одигра против селекцијата на Црна Гора. Овие мечеви ќе бидат во склоп на подготовките за новото издание на Лигата на нациите кое стартува со февруарскиот дуел против Косово.

Девојките на Александар Андов ќе одиграат два пријателски натпревари против балканскиот ривал, а селекторот пред собирот ги изнесе своите очекувања.

Целта на овие два контролни натпревари со Црна Гора пред се е да го задржиме континуитетот, да се подобриме во одредени сегменти и да ги отстраниме слабите страни во нашата игра. Сакаме да бидеме во најдобра физичка и ментална состојба пред почетокот на циклусот на натпревари од Лигата на Нации. Имаме јасна визија и цел за наредната година, а тоа е освојување на првото место во нашата група од новото издание на Лигата на нации.

Репрезентацијата на Црна Гора е квалитетен противник, кој одигра одличен двомеч против Финска во баражот. Имаме одиграно неколку натпревари против нив и секогаш резултатски биле поуспешни од нас. Но, тоа е минато, ние сме во фаза каде што градиме нова репрезентација која ќе биде конкурентнта и подготвена за секакакви предизвици.

Претходните квалификации за пласман на ЕП беа успешни за нас, со оглед на тоа што до последниот меч бевме втори во групата и со победа ќе успеевме да влеземе во баражот, но нашето неискуство да играме под притисок си го направи своето. Можам да кажам дека од меч во меч растеме како тим, во континуитет има подобрување во нашата игра, се наоѓаме на вистинскиот пат.

Имаме добра група во Лигата на нации. Косово и Летонија се сериозни репрезентации кои имаат голем напредок во нивната игра. Нема повеќе место за изговори. Имаме одлична и вистинска можност пред нас која треба да ја искористиме максимално. Сакаме да се покажеме во добро светло и до го освоиме конечно првото место во нашата група“, изјави Андов.

Тест натпреварите против Црна Гора се играат на 30. ноември во 13:00 часот, како и на 3. декември во 12:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани