Англија највредна, три учесници на ЕП вредат повеќе од една милијарда евра

by 24 фудбал
1 минути читање

Европското првенство во Германија стартува во петок со натпреварот на домаќинот против Шкотска.

Во ек на интересните информации поврзани со континенталниот собир, вреди да се погледнат и вредностите на репрезентациите според реномираниот „Трансфермаркт“

Веројатно очекувано е дека на врвот се наоѓа селекцијата на Англија. „Гордиот албион“ има вкупна вредност од 1,52 милијарди евра. Во групата на репрезентации вредни над милијарда се уште Франција (1,23 милијарди) и Португалија (1,05 милијарди).

Нешто под оваа граница котира Шпанија проценета на 965 милиони, па следат Германија (831), Холандија (815), Италија (705), Белгија (584), Данска (415), Украина (379), Хрватска (326), Турција (324), Србија (313), Швајцарија (281), Австрија (237), Полска (210), Шкотска (207), Чешка (187), Унгарија (165), Грузија (161), Словачка (156), Словенија (141), Албанија (111) и Романија (92).

Меѓу фудбалерите пак највредни се Џуд Белингем и Килиан Мбапе проценети на по 180 милиони евра. во топ 10 се уште Фил Фоден (150), Букајо Сака (140), Флориан Вирц (130), Деклан Рајс (120), Родри (120), Џамал Мусиала (120), Едуардо Камавинга (100), Хари Кејн (100) и Орелиен Чуамени (100).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани