342
Репрезентацијата на Шпанија во неделата стигна до четвртата титула шампион на Европа откако во финалето во Берлин славеа против Англија со резултат 2:1.
По натпреварот многу англиски навивачи беа бесни бидејќи сметаа дека требало уште да се игра.
Сега два дена по финалето пресметано е колку време топката била во игра во судиското продолжение од четири минути.
По оваа пресметка може да се каже и дека реакциите на Англичаните се оправдани.
Топката била во игра само минута и 40 секунди од четирите кои ги даде судијата Летексиер.
Ќе потсетиме, Англија токму во финишот имаше голема прилика за гол, но Дани Олм ја исфрли топката од гол линијата.