Фудбалската репрезентација на Србија одигра нерешено против Србија 1:1 во рамките од второто коло од натпреварот во групата „Ц“.
На прес-конференцијата по натпреварот селекторот на Србија Драган Стојковиќ-Пикси доби и прашање кое беше малку провокативно.
Од Фудбалскиот сојуз на Србија најавија дека ако нема остри казни за Албанија и Хрватска за националистичкото скандирање во вчерашниот натпревар може и да го напуштат Европското првенство.
На таа тема англискиот новинар од „Дејли Мејл“ денес му се обрати на Пикси со зборовите:
„Најавите дека ќе го напуштите Европското првенство…“
На ова прашање селекторот на Србија имаше одговор…
„Ти благодарам на прашањето, но прашај ме нешто за натпреварот. За мене тоа не е важно“, изјави Стојковиќ.