109
Фенербахче и Фиорентина си подадоа рака, го договорија трансферот на Софијан Амрабат кој денеска патува во Истанбул да го потпише договорот.
Се работи за позајмица со обврска за целосен откуп. Фенербахче ќе плати вкупно 18 милиони евра.
Најпрво 2 милиони евра за позајмица, а потоа мора уште 13 милиони евра за целосен откуп, ќе плати и 3 милиони евра за бонуси.
Амрабат ќе потпише четиригодишен договор.