Аморим од денеска ја почнува работата во Манчестер јунајтед

by riste
1 минути читање

Првиот тренинг на Манчестер јунајтед под водство на Рубен Аморим ќе се случи денеска, португалскиот стратег ја започнува мисијата во легендарниот клуб.

Целта е јасна, да го врати Манчестер јунајтед во врвот на англискиот и европскиот фудбал, онаму каде што беше во времето на Сер Алекс Фергусон.

Манчестер јунајтед долго време се мачи да ги пронајде вистинските резултати, сега дојде редот на Аморим да се обиде да го направи тоа.

Португалецот беше во Манчестер јунајтед шест месеци додека Жозе Мурињо беше тренер. Аморим таму ја помина потребната пракса за да добие тренерска лиценца. Веќе му е познат клубот, па се очекува брзо да се адаптира.

Дебито ќе го има во недела кога Манчестер јунајтед му гостува на Ипсвич.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани