Аморим: За една седмица во Јунајтед зборував повеќе со медиумите, отколку за четири години во Спортинг!

by 24 фудбал
1 минути читање

Рубен Аморим имаше деби на клупата на Манчестер Јунајтед, ама не успеа да триумфира кај Ипсвич Таун (1-1) во Премиер лигата.

Поради тоа веднаш беше интересен за медиумските куќи на Островот. Аморим направи интересна паралела, велејќи дека повеќе разговарал со медиумите за една седмица во Јунајтед, отколку во четири години кои ги мина во Спортинг.

Ако само се обидеме да победуваме без да ризикуваме во овој момент, ви гарантирам дека следната година во оваа фаза би ги имале истите проблеми. Мора да тргнеме со нова идеја, да бидеме подобри. Проблем е носењето на одлуки во одредени моменти. Не е важен тренерот во тие секунди. Има одредени работи кои не ги правиме добро во клучни моменти и на тоа мора да се поработи. Сметам дека моите играчи премногу размислуваат за време на натпреварите. Го чувствувам тоа, нормално е ама сакам процесот да биде јасен. Оваа седмица повеќе зборував со медиумите отколку за четири години во Спортинг. Само сакам да работам со играчите, ништо повеќе“, заклучи Аморим.

Следниот предизвик на Аморим ќе биде натпревар од Лигата на Европа в четврток.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани