„Аморим го избрка Ван Нистелрој затоа што навивачите премногу го сакаат“

by Стефан
1 минути читање

Португалскиот тренер Рубен Аморим го презема Манчестер јунајтед и во наредните 13 дена во текот на репрезентативната пауза ќе се обиде на најдобар можен начин да го припреми тимот за неговото деби против Ипсвич.

Манчестер јунајтед со Руд Ван Нистелрој на клупата кој го предводеше тимот на четири натпревари изгледаше одлично, но Холанѓанецот нема да остане ниту во стручниот штаб на Португалецот.

Свое мислење на оваа тема даде и легендарниот стопер на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд.

„Ако имате таков човек на клупата како помошник и работите не тргнат како што треба навивачите ќе започнат да бараат Ван Нистелрој да биде главен тренер. Премногу го сакаа од времето како фудбалер, а сега по четирите натпревари во кои не беше поразен сигурно и уште повеќе“, смета Фердинанд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани