Езгјан Алиоски е надвор од тимот на Ал-Ахли, германскиот тренер Матиас Јаисле не смета на македонскиот репрезентативец кој има уште една година од договорот со клубот од Саудиска Арабија.
Бројот на странци во тимот е ограничен, па Алиоски е надвор од тимот бидејќи тренерот Јаисле преферира други играчи пред нашиот фудбалер.
Ситуацијата на Џани одамна е лоша, тој во последно време игра само за македонската репрезентација, но не и клупски фудбал.
Ал-Ахли и Алиоски во наредните денови ќе седнат и ќе бараат решение за излез од ситуацијата. Има две опции, едната е продажба, другата позајмица.
Алиоски во новата сезона ќе има нов клуб, место каде што ќе игра и каде ќе може да ја врати потребната форма, останува само да се види на каков начин ќе замине од Ал-Ахли и која ќе биде неговата нова дестинација.