203
Повратникот во македонската фудбалска елита Пелистер промовира големо засилување за дефанзивниот дел од тимот.
Во редовите на битолчани пак се враќа Александар Ристевски. 32-годишниот стопер минатата сезона играше за екипата на Брера и беше еден од лидерите на дефанзивниот дел од тимот. Дефанзивецот настапуваше за Пелистер во 2018 година и сега повторно ќе има шанса за такво нешто.
Досега Ристевски настапуваше за многу македонски клубови како Брегалница, Работнички, Струга, Победа, Ренова, Царев Двор, Металург и Скопје, а во странство играше за Влазнија и Приштина.