Поранешниот српски репрезентативец и капитен на Србија, Александар Коларов од денеска и официјално е нов предвовник на селекцијата до 21 година.
Коларов со Фудбалскиот сојуз на Србија потпиша договор на две години и пристигнува како наследник на Љубинко Дурловиќ.
„Благодарен сум на ФСС за повикот да ја добијам оваа важна функција. Со нетрпение чекам да почнам да работам. Јас и мојот стручен штаб веќе почнавме да ги скаутираме фудбалерите и да се подготвуваме за работа со младите момци“, изјави Коларов на промоцијата.
Коларов од 2008 до 2020 година го носеше дресот на Србија и вво тој период одигра 94 натпревари на кои постигна 11 погодоци. Во кариерата како фудбалер настапуваше за: Црвена Звезда, Чукарички, ОФК Београд, Лацио, Манчестер сити, Рома и Интер.