Албанскиот репрезентативец го продолжи договорот со Интер

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанскиот шампион Интер му верува на младиот Кристијан Аслани и му понуди нов договор.

Двете страни се договорија за продолжување на соработката на уште една дополнителна година. Според новиот договор Аслани се обврза на верност до 2028 година со „нераѕурите“.

Албанскиот репрезентативец пристигна во Интер во 2022 година од Емполи, прво на платена позајмица од 4,5 милиони евра, а потоа беше откупен за уште 10.

За екипата на Интер, 22-годишниот албански репрезентативец одигра 64 натпревари и постигна еден гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани