227
Албанскиот репрезентативен голман Томаш Стракоша по заминувањето од редовите на премиерлигашот Брентфорд, кариерата ќе ја продолжи во Грција.
29-годишниот чувар на мрежата потпиша петгодишен договор со екипата на АЕК Атина. Стракоша е инаку роден во главниот град на Грција, па ова за него е враќање дома иако не бранел никогаш за клубот.
Стракоша остави трага бранејќи и во Серија А, каде што во Салернитана и Лацио забележа 164 натпревари на кои 48 пати ја сочува својата мрежа. Од 2022 година Стракоша беше член на Брентфорд, меѓутоа беше резервен голман и по истекот на договорот како слободен агент се сели во Грција.