32
Ред Бул Лајпциг е тим познат по купување и развој на млади и талентирани фудбалери, а потоа продажба на истите.
Епа, интересна фотографија се појави со веројатно најсилната единаесетка која овој клуб ја продал. Значи, доколку Лајпциг ги задржеше овие фудбалери кои се дел од европскиот крем, можеби ќе се бореше за сите трофеи.
Меѓу стативите е помалку познатиот Мартинез, пред него се Гвардиол, Упамекано, Конате и Лаимер. Средниот ред е застрашувачки, дефанзивно би делувал Џошуа Кимих, нешто понапред Доминик Собослај, а офанзивно Дани Олмо. Нападот можеше да го сочинува триото Тимо Вернер, Кристофер Нкунку и Адемола Лукман.
Нема сомнеж, Лајпциг можеше да изгледа навистина застрашувачки ако ја немаше таа политика…