АЗ Алкмар ја запиша најубедливата победа во Ередивизие оваа сезона, откако на својот „АФАС“ го декласираа тимот на Херенвен со огромни 9-1.
И пред натпреварот АЗ важеше за апсолутен фаворит против Херенвен, меѓутоа ретко кој очекуваше ваков дебакл за гостите кои ги предводи холандската легенда Робин Ван Перси.
Со голот на Мијнанс поведе домаќинот по четири минути игра, а потоа Броуверс израмни на 1-1. Само четири минути по израмнувањето, во 23. за 2-1 погоди Трој Перот. Токму тој имаше гол-шоу бидејќи во вториот дел постигна уште три гола за осум минути. До крајот за АЗ погодуваа уште Садик, Мердинк, Белиќ и Бурместер.
АЗ Алкмар по петт кола има четири победи и реми, како и сега импресивна гол-разлика од 14-1. Од друга страна Херенвен на Ван Перси има по една победа и реми, со два порази.
Сите голови од натпреварот погледнете ги на ОВОЈ линк.