Легендарниот бразилски фудбалер, Адријано и некогаш голема надеж на светскиот фудбал денеска живее во една фаваела во Рио Де Женеиро во услови како „обичните“ луѓе.
Поминаа многу години откако славниот фудбалер заврши со фудбалот. Оствари солидна кариера, но комплетната фудбалска јавност е согласна дека можеше и многу повеќе.
Во авторски текст за „Players tribune“ Адријано пишуваше за својот живот и се опиша себе како „најголемото фудбалско промашување“:
„Знаете ли како изгледа кога ќе ви кажат дека многу ветувате? Јас знам. Но, знам и како е кога нема да ги исполните ветувањата. Најголемото фудбалско промашување: Јас.
Го сакам тој збор, „промашување“. Не само поради тоа како звучи туку затоа што и мојот живот беше големо промашување. Не се дрогирам, како што се пишува. Не сум во криминал, но можев да бидам. Не сакам ноќни клубови. Секогаш одам на исто место во мојот крај, до киоскот Нано, ако сакате да ме видите, дојдете.
Пијам секој ден. Како личност каква што сум јас доаѓа до точка да биде алкохоличар? Не сакам да давам објаснувања, но за ова постои едно. Пијам затоа што не е лесно да се живее во долгови како некој кој многу ветуваше. Во моите години е уште потешко.
Ме нарекуваат „Император“. Замислете го тоа, момчето кое замина од фавелата стана „Император“ во Европа. Како тоа да се објасни? До денес не успеав да разберам. Веројатно, сепак направив некои добри работи во животот.
Многу луѓе не разбираат зошто ја напуштив фудбалската слава за да седам во мојот крај пиејќи до бесвест. Во еден момент јас навистина посакав тоа да го направам“, пишува Адријано.
Неговата комплетна исповест можете да ја прочитате – ТУКА.