137
Наполи цело лето се обидуваше да го продаде Осимен, но не успеа, на крајот по завршувањето на преодниот рок го даде на позајмица во Галатасарај.
Преодниот рок за најголемиот број од земјите заврши на 30. август, но во Турција траеше до 4. септември.
Агентот Георге Гарди кој го реализираше трансферот, објаснува како се случила зделката.
„Договарањето за позајмицата на Осимен почна во петок во 00:01 часот, веднаш откако европскиот пазар се затвори“, објаснува агентот.
„Наполи веднаш ги отвори вратите за Галата за позајмица на фудбалерот, а и Осимен го направи истото“.
„Требаше да бидеме брзи и Виктор Осимен веднаш рече да“.