22
Вчера излезе шпекулација дека Нејмар се договорил со неговиот поранешен клуб Сантос и дека наскоро ќе се пресели во Бразил.
Но, таквите информации ги негира агентот на Нејмар, Пини Захави кој вели дека фудбалерот е среќен во Ал Хилал.
„Нема никакви разговори за Нејмар да го напушти Ал Хилал. Тој е под договор и е многу среќен тука“, вели агентот Захави.
„Таткото на Нејмар и јас сме единствените луѓе кои можеме да зборуваме за неговата иднина. Не знам од каде доаѓаат овие шпекулации“.