24фудбал

Николов искажа разочарување од селекторот Милевски, игра стандардно, а не добива повик!

Македонија имаше два разочарувачки настапи на подготовките во Италија, реми со Молдавија и пораз од Црна Гора, тоа го зголемува револтот кај навивачите кои гледаат како селекцијата се движи назад.

Македонија

Во составот на Милевски има играчи кои воопшто не играат за своите клубови, но нема за Бобан Николов кој е стандарден во унгарскиот клуб Кишварда. Во разговор за „Спорт1“, фудбалерот кој беше дел од најголемите успеси на Македонија, искажува разочарување од селекторот.

„И јас сум еден од разочараните репрезентативци поради односот на селекторот Милевски и тоа од повеќе причини. Бев дел од селекцијата која оствари историски успех со пласман на ЕП на што сум посебно горд. Но, по доаѓањето на новиот селектор, со кого соработував како капитен на селекцијата до 21 година, очекувањата за успесите беа високи, но морам да го искажам личнито разочарување од Б.М. и тоа од повеќе аспекти. Селекторот изјави дека повик ќе добиваат играчи кои играат и имаат минутажа во своите клубови, но во мојот случај се докажува спротивното - кога не играв не добивав повик, но и кога играм пак не сум повикан“, вели Николов за „Спорт1“.

Целиот разговор со Николов може да го прочитате на овој ЛИНК.