24фудбал

Нарко банда му се закани на Ди Марија: Зад нас оставаме куршуми и мртви тела

Медиумите од Аргентина пренесуваат дека пред семејниот дом на Анхел Ди Марија во Росарио била оставена порака со смртни закани.

Останато

Анхел Ди Марија никогаш не криел дека пред крајот на кариерата сака уште еднаш да го облече дресот на Росарио Сентрал, клубот каде ги имаше фудбалските почетоци.

Но денеска пристигнаа информации за морбидна закана која ја добило семејството на фудбалерот.

Пред семејниот дом, кој се наоѓа на периферијата на Росарио, била најдена порака со застрашувачка содржина.

„Кажете му на вашиот син Анхел да не се враќа во Росарио, во спротивно ќе биде убиен член од блиското семејство. Ниту Пулјаро (гувернерот на Росарио) нема да може да го спаси. Ние не фрламе само обична мала хартија, зад нас оставаме куршуми и мртви тела“ - гласи пораката која ја оставила нарко банда.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.