24фудбал

Фудбалер на Атлетико Мадрид дал пари за Дани Алвеш да излезе на слобода

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Мемфис Депај дал пари и помогнал Дани Алвеш да ја плати кауцијата од еден милион евра за да излезе на слобода.

Шпанија

Минатата недела, судот го прифати барањето на Дани Алвеш на слобода да ја чека правосилноста на затворската казна, и му одреди кауција од еден милион евра.

Бразилецот во прв момент имаше потешкотии да ја собере оваа сума, но синоќа беше доставена гаранција, па поранешниот фудбалер на Барселона излезе од затвор.

Имаше многу прашалници за тоа како Дани Алвеш успеал да собере еден милион евра со оглед на тоа дека имотот му е замрзнат, а последните информации велат дека помогнале пријатели, помеѓу кои и еден фудбалер на Атлетико Мадрид.

Станува збор за Мемфис Депај, двајцата се сретнале во втората етапа на Бразилецот на „Камп Ноу“ и станале добри пријатели.

Холанѓанецот пред неколку дена говореше на слична тема и рече: „Никогаш нема да им свртам грб на пријателите и семејството. Тоа не значи дека се сложувам со нивните постапки, едноставно секогаш ќе бидам тука за нив“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.