24фудбал

Тухел не сака ни да го види фудбалерот за кој Баерн плати екстра 5 милиони евра

Според пишувањата на Билд, Томас Тухел не само што не му дава минутажа на Брајан Сарагоса, не сака ниту да разговара со новајлијата во Баерн Минхен.

Германија

Баерн Минхен во декември месец минатата година го договори Брајан Сарагоса во зделка вредна околу 15 милиони евра, и го остави Шпанецот на позајмица во Гранада до крајот на сезоната.

Но откако Кингсли Коман се повреди, „баварците“ платија додатни 5 милиони евра за да го донесат Шпанецот во своите редови во јануари.

Но Брајан Сарагоса не ужива доверба кај Томас Тухел и одигра само 44 минути.

Како што пренесува Билд, Томас Тухел не само што не му дава минутажа на Шпанецот, го игнорира новајлијата и не сака ниту да разговара со него.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.