24фудбал

Интер сигурно маршира кон Скудетото, ја победи и Болоња (ВИДЕО)

Интер врза десет победи по ред во Серија А откако со 1-0 славеше на гостувањето кај Болоња и тоа без Лаутаро Мартинез кој одмараше за мечот од Лигата на шампионите со Атлетико Мадрид.

Италија

Единствениот гол се случи во 37. минута кога по асистенција од Бастони, Бисек погоди со глава за 1-0.

Во второто полувреме Болоња силно напаѓаше за да го изедначи резултатот, но момците на Симоне Инзаги се одбранија и ја сочуваа предноста од 1-0.

Интер сега има 18 бода пред Јувентус, но старата дама утре го игра својот дуел од колото, ја пречекува Аталанта во Торино.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.